Лошата серија против Фон Дајхман продолжува – Лина Ѓорческа поразена во ¼-финале!

April 21st, 2017 | by Dejan Cvetkovski
Лошата серија против Фон Дајхман продолжува – Лина Ѓорческа поразена во ¼-финале!
Тенис
0

Денес се одигра натпреварот од ¼-финале помеѓу Ѓорческа и Фон Дајхман.

Натпреварот одлично го отвори Лина со брејк, но противничката веднаш врати и неколку пати успеа да и го одземе сервисот на нашата тенисерка за 6:3 во првиот сет.

Во вториот сет беше видена сосема друга слика. Ѓорческа успеа да го одземе дури 3 пати сервисот на противничката и да стигне до неверојатни 6:0.

Третиот сет започна катастрофално, а така и измина целиот, па Фон Дајхман и врати со иста мера на нашата тенисерка и со 6:2 го освои 3-от сет и ја елиминираше нашата тенисерка.

Лина Ѓорческа малку подоцна игра во ½-финале во парови.

 

Comments are closed.

I Like SuperSport close[x]
Или почекајте 20 секунди