Познати противниците на репрезентативките на Македонија во квалификациите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската женска ракометна репрезентација денес во ждребот одржан во Париз ги доби противниците за ЕП во 2018-та година во Франција.

Македонија беше во шеширот број три.

Група 1: Швајцарија, Украина, Хрватска, Норвешка
Група 2: Италија, Словачка, Полска, Црна Гора
Група 3: Србија, Шведска, Македонија, победник од квалификациска група А
Група 4: Португалија, Австрија, Русија, Романија
Група 5: Исланд, Словенија, Чешка, Данска
Група 6: Литванија, Турција, Германија, Шпанија
Група 7: Белорусија, Унгарија, Холандија, победник од квалификациска група Б

Првите два натпревари ќе се играат од 27-ми септември до 1-ви октомври 2017-та година, третиот и четвртиот натпревар од 21-ви до 25-ти март 2018-та година, а последните два од 30-мај до 3-ти јуни 2018-та година.

Првите две репрезентации ќе обезбедат пласман на ЕП и најдобрата третопласирана репрезентација.