Колку пари годишно на фудбалери трошат ½-финалистите во ЛШ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако парите се фактор кој секогаш одлучува, тогаш веднаш би можеле да го прогласиме шампионот на Европа, но затоа што некогаш тоа не е случај, тогаш овие бројки можат само да останат на хартија и не мора да значи дека тоа е пресудно за освојување на титулата.

Реал, Атлетико Мадрид, Јувентус и Монако се пласираа помеѓу 4-те најдобри тимови во Европа, а во продолжение следува колку пари трошат годишно клубовите на плати на играчите.

Првиот поглед на бројките открива голема разлика помеѓу клубовите, најскапа соблекувална има Реал Мадрид, кој годишно троши повеќе од својот градски ривал и скоро три и пол пати повеќе од Монако.

Да почнеме од најбогатите. Реал Мадрид секогаш имал најдобри светски фудбалери, а квалитетот скапо се плаќа, па така тие годишно плаќаат по 5.051.875 фунти по играч. Најголем дел од тоа отпаѓа на Роналдо, кој зема 365.000 фунти, па Бејл со 350.000 фунти неделно.

Втора најскапа соблекувална има Јувентус. Тие трошат 3.997.596 фунти годишно. Логично, најдобро платен е Игуаин со 7.5 милиони евра годишно.

Иако тимот на Зидан и Симеоне ги дели само 1 место на листата, сепак разликата во платата е огромна. Атлетико плаќа двојно помалку од Реал, поточно 2.583.391 фунти. Најдобро платен е Коке со 195.000 фунти.

На дното на листата е Монако кој плаќа само 1.510.215 фунти по фудбалер во просек. Фалкао е најплатен со 165.000 фунти неделно.

Ако според ова се проценува кој е шампион, тогаш тоа би бил Реал Мадрид.