Одиме да му се одмаздиме на Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Монако во полуфиналето во ЛШ ќе игра против Јувентус.

Потпретседателот на Монако, Вадим Васиљев порача дека неговиот клуб има на што да се надева во дуелот против Јуве.

„Овој тим на Монако нема граници, млада е и не се плаши. Пред две години кога Јуве не исфрли во четвртфиналето имавме одличен тим. Сега сме уште посилни“, изјави Васиљев.

„Сега одиме да му се одмаздиме на Јувентус. За тоа сме спремни, способни и мотивирани“, заклучи Васиљев.

Јувентус во натпреварот против Монако во сезоната 2014/15 победи со вкупен резултат 1:0, а погодокот го постигна Артуро Видал од пенал.