Минута молчење за поранешниот напаѓач на Милан, а тој жив (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Санта Фе и Сантос синоќа одиграа натпревар во Копа Либертадорес.

Пред почетокот на натпреварот официјалниот спикер најави минута молчење за Рикардо Оливеира, поранешниот напаѓач на Милан кој игра во Сантос.

Фудбалерите беа во чудо бидејќи Оливеира е жив, но спикерот мислеше на Канека, поранешниот фудбалер на Сантос.

„Дами и господа ве молам минута молчење во чест на поранешниот фудбалер на Сантос, Рикардо Оливеира“, кажа спикерот.

На теренот помеѓу фудбалерите беше и Оливеира.