Така тоа го прави европскиот шампион – Повторно потпишува капитенот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Капитенот на Реал ќе го продолжи договорот.

Пред две години беше повлечи – тргни, сега се оди како што треба. Толку добро што Серхио Рамос ќе потпише нов договор со Реал Мадрид.

Капитенот на кралскиот клуб го воодушеви оваа сезона Флорентино Перез со погодоците, улогата на теренот и надвор од него, а според Марка претседателот на Реал реши за фантастичните настапи да го награди со продолжување на договорот. Актуелниот договор на Рамос му истекува во 2020-та година, а раководството одлучи да остане уште една сезона.

Кога ќе се завршат сите натпреварувачки обврски, Серхио Рамос ќе потпише нов договор со кралскиот клуб.