Ова на германците долго им се немаше случено


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Знаете кога последен пат се случи ниту еден германски клуб не успеа да се пласира во полуфинале?

Полуфиналињата во ЛШ и ЛЕ оваа сезона ќе поминат без германци.

Ова е прв таков случај во последните 12 години.

Последен пат германски клубови во полуфиналињата во ЛШ и ЛЕ немаше во 2005-та година.

По многумина најголем виновник за ова е судијата Виктор Касаи кој судеше катастрофално во натпреварот на Баерн Минхен против Реал Мадрид.

Касаи пред крајот на регуларниот дел го исклучи Видал, а во продолжението неговите помошници не сигнализираа два чисти офсајди по кои Роналдо постигна погодоци.

Честа на Германија можеше да ја спаси Шалке кој беше на добар пат да го елиминира Ајакс, но во продолжението холандскиот клуб постигна два погодоци со еден фудбалер помалку и го елиминира германскиот клуб.