Пулие го победи Куевас за полуфинале во Монте Карло


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот тенисер Лукас Пулие во четвртфиналето на АТП турнирот во Монте Карло го победи уругваецот Пабло Куевас со 1:2 во сетови.

Пулие во првиот сет беше фантастичен. Ја искористи првата брејк топка французинот и стигна до водство, 0:1. Во третиот гем Пулие без да изгуби поен на сервис на Куевас, 0:3. Пулие во петиот гем имаше една брејк топка која ја искористи, 0:5. При сервисот за сет, французинот не дозволи изненадување, па после 23 минути игра имаше водство во сетови, 0:1.

Уругваецот во вториот гем од вториот сет направи брејк, 2:0. Пулие лошо почна во вториот сет, па и четвртиот гем во кој сервираше го загуби, 4:0. Следниот гем французинот врати еден брејк, 4:1. До крајот на вториот сет двата тенисери беа сигурни на свој сервис и Куевас го израмни резултатот, 6:3, 1:1.

Вториот гем од одлучувачкиот сет донесе брејк на Пулие, 0:2. Куевас на сервис на Пулие ја искористи втората брејк топка и намали на 1:2. Уругвајскиот тенисер направи брејк во седмиот гем, 4:3. На својот сервис Пабло спаси две брејк топки и се приближи на еден гем до победа. Пулие на сервисот за победа на Куевас направи брејк и израмни, 5:5. Французинот ја искористи втората брејк топка и го доби одлучувачкиот сет 5:7.

Лукас Пулие во полуфиналето ќе игра против Алберт Рамос Вињолас од Шпанија кој денес во три сета изненадувачки го победи Марин Чилиќ. Уште два натпревари остана да се одиграат од четвртфиналето на турнирот во Монте Карло, Гофан – Ѓоковиќ и Шварцман – Надал.