Фактор 1 – Серхио! Фактор 2 – Гризман! Фактор 3 – CR7! Фактор 4 – Зизу и Чоло!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дербито кое во Мадрид никој не го сакаше. Барем не сега. Атлетико има лоши спомени на претходните три европски натпревари против Реал Мадрид, а бранителот на титулата поради впечатокот дека полесно ќе излезеше на крај со офанзивниот Монако или со упорниот Јувентус отколку со гладните кучиња на Чоло Симеоне.

Тука Реал се снаоѓа како риба во вода. Во секоја од минатите три сезони, кралскиот клуб излегуваше на крај против градскиот ривал. Прво во финалето во 2014-та година во Лисабон кога Серхио Рамос со погодокот со глава во судиското продолжение донесе продолжение и со самодоверба во продолжението тимот на Анчелоти го декласира Атлетико Мадрид со 4:1.

Потоа во четвртфиналето следната година после 0:0 на Калдерон во реваншот им пресуди Чичарито, а пред 11 месеци во уште едно финале овој пат во Милано, Реал стигна до 11-та титула во ЛШ кога беше подобар по изведувањето на пеналите. И тој натпревар ќе се памти по погодокот на Серхио Рамос, овој пат сомнителен бидејќи за 1:0 погоди од мал офсајд.

Рамос се позиционира како еден од највлијателните и најдобри фудбалери на Реал оваа сезона. Во меѓувреме постигна погодок за продолжение во борбата за титула во суперкупот на Европа против Севиља, па израмни во Ел Класико во судиското продолжение, често го спасуваше кралскиот тим против малите клубови и дефинитивно израсна во човек од кој јорганџиите имаат страв.

Можеби и повеќе од Кристијано Роналдо. Португалецот никогаш не смеете да го потцените. Немаше фантастична сезона, постеше околу 600 минути во ЛШ, а потоа во четвртфиналето против Баерн Минхен им спакува пет погодоци и како што се ближи крајот покажа зошто е најдобар во светот. Во првиот натпревар оваа сезона постигна хет-трик против Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон, а вкупно 18 пати ја има тресено мрежата на јорганџиите.

На сето тоа на Реал му се покажува шанса да испише историја каква што не е 59 години. Во иста сезона да биде европски и државен шампион. Последен пат мадридскиот гигант во 1958-ма година го направи ова и сигурно дека тоа е дополнителен мотив за тимот на Зинедин Зидан да остане запишан во историјата.

Е сега и Атлетико има свои адути. Оваа генерација игра уште подобро во однос на претходните три кога два пати остана без трофејот во финалето. Игра попаметно. Вистинска уметност е како Диего Симеоне стигна до полуфиналето во ЛШ. За Аргентинецот тоа стана рутина, но и самиот изјави дека не му е целта да ги малтретира големите односно дека нема да се смири дури не го подигне трофејот. Ако некој тоа го заслужи тоа е Чоло. И тоа со Атлетико.

Јорганџиите три пати ја загубија европската титула во финалињата. Секој пат го држеа пехарот во рака, но… Прво во далечната 1974-та година Баерн израмни во последната минута од продолжението и се избори за нов натпревар во кој победи со 4:0, а пред три години погодокот на Диего Годин го поништи Серхио Рамос, а потоа пеналите во Милано.

Тука доаѓаме до Антоан Гризман кој мора да покаже дека скокнал место погоре во фудбалската хиерархија. Да не остане французинот кој знае се, а не освојува ништо. Минатата сезона промаши пенал од игра, подоцна не беше успешен во финалето на ЕП со Франција, оваа година игра фантастично, има постигнато 24 погодоци, но неопходен му е тој трофеј да ја помине цртата која ги одвојува фудбалерите за обични и големи натпревари.

Ако Роналдо е реаловиот талисман против јорганџиите тогаш Гризман на Атлетико е за Реал. Од доаѓањето од Сосиедад редовно ги малтрерира соседите.

Посебно интересно ќе биде надмудрувањето помеѓу Диего Симеоне и Зинедин Зидан. На аргентинецот ова можеби му е последната сезона помеѓу црвено-белите, ја „сврти играта“, неговиот фудбал до коска има ефект.

А Зидан? Посебна приказна. Доволно е да потсетиме дека за една година тренерска кариера освои три титули и дека реаловото децениско сите во напад е преформулирано сите на своите места дури и еден Касемиро кој не му се допаѓа на разгалената мадриска публика го направи фудбалер од доверба, ужива во огромната доверба во јавноста и се ветува дека ќе гледаме уште два спектакли.

Сепак Мадрид е европската престолнина на фудбалот.