“Во Загреб среќата нека „дојде“ кај нас“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На првиот натпревар покажавме одлична игра против големиот Динамо кој секоја година игра во Лигата на шампионите. Имавме многу шанси, но ни недостасуваше среќа која се надевам дека ќе ја имаме на реваншот“

Вардар веќе е фокусиран кон реванш натпреварот од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите против Динамо. Нашиот тим се подготвува за мечот на гости кој во среда се игра на „Максимир“ во Загреб. И покрај негативата од првиот натпревар од 1:2, сепак, нашите момци веруваат дека може на крајот да се радуваат, со помош на среќата која ја немаа на дуелот во Скопје.

Еден од оние кој на крајот беше спречен да се радува на погодок и на израмнување е Дамир Којашевиќ. Нашиот фудбалер пред последниот свиреж на судијата упати удар кој се одби од еден одбранбен играч, и наместо во голот заврши само во пречката. Следуваше неверување кај Црногорецот.
Искрено кога ја шутнав топката ја видов во голот, и веќе тргнав да славам. Но, за жал тоа не беше гол. Немавме среќа“, изјави Којашевиќ.

И не само по таа ситуација, туку среќата барем на уште два пати ги напушташе „црвено-црните“ играчи кои не реализираа можности барем за нерешен резултат.

„Мислам дека во Скопје одигравме сјајно. Пруживме одлична игра против големиот Динамо кој секоја година игра во Лигата на шампионите. Имавме многу шанси, но не ги искористивме, немавме среќа. Благодарност и до публиката која направи одлична атмосфера и на некој начин придонесе за нашата добра игра. Едноставно ни дадоа крила да играме похрабро и покрај таа негатива која ја имавме. Сега се надевам дека на ревнашот во Загреб ќе играме добро, сите ќе дадеме се од себе и дека среќата ќе „дојде“ кај нас“, рече црногорскиот интернационалец во „црвено-црниот“ дрес.

Надежта дека може да се стигне резултатот од 1:2 сега во Загреб и натаму живее меѓу Вардарци. Тие сметаат дека и покрај тешката мисија, на крајот може да заврши среќно за Вардар за да биде екипата која ќе се пласира во 3. квалификациско коло.

 

Секако дека имаме шанси. Не се предаваме, никако. На тоа не сакаме ниту да помислиме. Се додека имаме и најмали шанси, ние ќе играме, ќе се надеваме. Одиме до крај, имаме одлична екипа, атмосферата во клубот е фантастична, и мислам дека со малку среќа можеме да го минеме Динамо. Сега сме фокусирани само кон тој натпревар и како да оствариме резузлтат кој што ќе не однесе понатаму“, изјави нашиот офаинзивен фудбалер.

За потсетување дека доколку го мине Динамо Загреб, Вардар ќе игра со победникот Динамо Тбилиси од Грузија и Алашкерт од Ерменија. Меѓутоа Вардарци размислуваат само на реваншот на „Максимир“ кој се игра во среда со почеток во 20:45 часот.