Монте Карло – Гофан направи сензација во Монако, жртвата е Ѓоковиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот одлично го започна Гофaн кој во првиот сет успеа да го одземе сервисот на Ѓоковиќ уште во првиот гејм. Потоа следуваше израмнета игра се до 3:1 кога на сервисот на Ѓоковиќ, повторно подобар беше Гофaн и стигна до 4:1, а потоа со сигурен сервис и до 5:1.

До крајот на сетот двајцата беа сигурни на свој сервис и Гофин стигна до 6:2.

Вториот сет беше неизвесен од самиот почеток, а голема борба се водеше во 3-от гејм, но Ѓоковиќ успеа да одбрани 2 брејк топки и да поведе со 2:1, а потоа и да стигне до брејк и 3:1.

До крајот на сетот двајцата тенисери беа сигурни, па Ѓоковиќ стигна до 6:3.

Во последниот сет подобро започна Ѓоковиќ кој веднаш направи брејк и водеше со 2:0, но Гофaн се бореше и не се предаваше, па во 6-от гејм не искористи 5 брејк топки, но затоа во 8-от гејм беше подобар од Новак и стигна до 4:4, а потоа и беше сигурен на свој сервис, па стигна до 5:4.

Гофан поведе со 6:5 во гејмови, а потоа се водеше голема борба на сервисот на Ѓоковиќ и Гофан успеа да ја искористи 5-та меч топка и со 7:5 да стигне до победата.