Роналдо и Рамос поставија темели за трансфер летото – Разговорот со ѕвездата го запали Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во игра е пеколна сума на пари, Флорентино Перез нема да жали.

Се спрема фудбалски земјотрес.

Во главна улога се Реал Мадрид и Роберт Левандовски. Не е тајна дека Флоренитно Перез одамна бара нов галактикос, а исто така не е тајна дека Левандовски со години е прва мета. Изгледа после четвртфиналниот натпревар против Баерн Минхен се стана јасно, кралскиот клуб со сите сили ќе се обиде да го доведе голгетерот од Полска.

Како што стојат работите, Флорентино Перез тргна во реализација на проектот и тоа после реваншот во Мадрид. Наводно, Кристијано Роналдо и Серхио Рамос отишле до Левандовски за да го утешат, а потоа му кажале:

„Дојди во Реал, за тебе има место овде.“

Пред Перез е невозможна мисија. Левандовски пред неколку месеци го продолжи договорот со Баерн до 2021-ва година и доби зголемување на платата. Од 8 милиони на 15 милиони евра. Со разни бонуси заработката стигнува и до 18 милиони евра.

Но, ако некој овие години знаеше да ја извлече змијата од џеб и направи тектонски промени во фудбалскиот свет тоа е стариот лисец во фотелјата на Реал.

Во игра е пеколна сума на пари. Некои прогнози кажуваат дека Реал е спремен да плати и 100 милиони евра иако првата понуда на адреса на Баерн би требала да биде околу 85 милиони евра.