Мирко Ивановски погоди – Славен Белупо загуби од фенерџијата Цибалија (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Цибалија на домашен терен го победи Славен Белупо со 3:1.

После две минути игра Главица му донесе водство на Цибалија. Во 73-та минута беше досуден пенал за Цибалија, а Витаиќ зголеми на 2:0. Пет минути пред крајот на натпреварот македонскиот фудбалер, Мирко Ивановски од белата точка намали на 2:1. Две минути по погодокот на Ивановски беше досуден пенал за домашните, а Витаиќ повторно беше прецизен од белата точка и ги постави конечните 3:1.

Мирко Ивановски денес го постигна осмиот погодок за Славен Белупо оваа сезона и на делба на деветата позиција на листата на стрелци во хрватската прва лига заедно со Безјак.


Mirko Ivanovski Goal HD – HNK Cibalia Vinkovci… by amgad-gogo