Поради што е извесно дека Ибра заврши со Манчестер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ ја заврши сезоната, наведуваат англиските медиуми. Враќање во дресот на Манчестер Јунајтед е под знак прашање.

Сеуште не е утврдено дали се работи за лигаментите на коленото на Златан Ибрахимовиќ кој синоќа во тој меч против Андерлехт мораше да излезе од терен на почетокот на продолженијата.

Доколку е тоа точно, дефинитивно ја заврши сезоната во Манчестер Јунајтед, Мурињо исто така истакна незадоволство од неговата повреда што е уште еден знак дека повеќе нема да игра во оваа сезона.

Знаете и сами, тој потпиша договор на година дена, со можност за продолжување на договорот на уште една година.

До тоа продолжување сеуште не дојде, се зборуваше дека тоа прашање ќе се решава пред крајот на сезоната, но оваа повреда може да биде кобна по Златан кој заработува 200 000 фунти неделно.

Доколку навистина се работи за лигаментите, тоа може да значи дека Ибрахимовиќ ќе отсуствува и до 10 месеци од теренот, што автоматски значи дека тој повеќе нема да игра за Манчестер Јунајтед бидејќи на клубот не е во интерес за напаѓачот да се врати во вториот дел од сезоната, а големо прашање е и во каква форма ќе биде.

Срамежливо се споменува дека во случај за сериозна повреда Ибра може и да ја заврши кариератата, што искрено се надеваме дека не е точно…