Барселона пронајде начин да ја одложи суспензијата на Нејмар?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Барселона сеуште се надева дека Нејмар може да заигра на Ел Класико кое се игра во недела на Сантијаго Бернабе.

После што последната жалба на Барселона до Фудбалската федерација на Шпанија за неговата суспензија во траење од три меча е одбиена, од каталонскиот клуб потврдија дека сега жалба ќе упатат и до Судот за спортска арбитража.

Овој суд денеска имаше редовна седница, меѓутоа Барселона жалбата не ја предаде на време со цел да се разгледува на овој состанок.

Сепак, Барселона ја предаде жалбата нешто подоцна, но сеуште во рамките на законскиот рок од 15 дена, а се во обид за суспензијата да се одложи.

Каталонците сметаат дека, поради тоа што е жалбата упатена, суспензијата на Нејмар може да биде одложена се додека судот не донесе одлука на следната седница.

Во овој случај, Судот за спортска арбитража мора да свика итна седница во сабота, што не пракса на овој орган кој инаку се состанува на секои седум дена.

Челниците на каталонскиот клуб се надеваат дека судот нема да свика итна седница, што значи дека суспензијата на Нејмар ќе почне дури после следниот состанок на Судот на која ќе се расправа за истата.

Значи, Нејмар може да настапува на Ел Класико, а неговата суспензија ќе почне дури кога ова судско тело ќе ја донесе својата одлука на редовен состанок.