Чикаго поразен на домашен терен – Бостон се враќа во игра!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бостон на гостувањето во Чикаго успеаа да намалат на 2:1 во плеј-оф серијата, откако победија со 104:87.

Гостите одлично го отворија натпреварот со 33:15 во своја корист, а до крајот на натпреварот ја зголемуваа разликата, иако имаа мал пад во вториот период.

Најдобар во тимот на Бостон беше Хорфорд со 18 постигнати поени, 8 скокови и 8 асистенции. Томас постигна 16 поени, но додаде и 9 асистенции и 2 скокови.

Кај поразениот тим најдобар беше Вејд со 18 постигнати поени, а Батлер постигна 14.