Оклахома го враќа ударот – Хјустон изгуби во финишот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оклахома на домашен терен во неизвесна завршница успеаа да го победат Хјустон со 115:113.

Со оваа победа Оклахома го намали водството на Хјустон во плеј-оф серијата на 2:1.

Домашните добро го отворија натпреварот и така играа до крајот на полувремето, но потоа имаа мала криза која ја искористи Хјустон, сепак не доволно за победа.

Оклахома уште еднаш ја предводеше Вестбрук и тоа со нов трипл-дабл со 32 поени, 13 скокови и 11 асистенции.

Во тимот на Хјустон најдобар беше Харден со 44 поени, 6 скокови и 6 асистенции.