Повредата на Ибра ќе го чини Јунајтед неверојатни 100 милиони фунти?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ сигурно ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото, а не се знае кога ќе се врати на теренот.

Тој во четврток вечерта се повреди во реванш натпреварот во ¼-финалето на ЛЕ против Андерлехт, а во медиумите се шпекулира дека тој ќе биде надвор од терените дури 8 месеци.

Ибра со Јунајтед има договор до крајот на оваа сезона, а управата на клубот во претходните недели подготвија нов договор за него. Сепак, доколку овие информации се точни, тогаш тоа може да значи дека неговиот престој во Јунајтед е завршен.

Јунајтед ќе мора ова лето да донесе засилување во нападот. Како што пренесуваат медиумите на мета на овој клуб се наоѓаат неколку фудбалери, но нивно евентуално доаѓање нема да биде ефтино. Прва желба е Лукаку, а за него мора да се плати 100 милиони фунти.

Тој во моментов е најдобар стрелец во ПЛ со 24 постигнати голови, а има и 6 асистенции.