Лоши вести за Тери пред натпреварот против Тотенхем!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Англија денес се игра првиот ½-финален натпревар од ФА купот во кој ќе играат Челси и Тотенхем.

Во минатите неколку недели тимот кој го води Конте доживеа 2 порази. Прво изгубија од Кристал Палас, а потоа и од Јунајтед. Од друга страна, Тотенхем има низа од 7 победи по ред.

Денешниот натпревар ќе биде еден од најважните за двата тимови, а Тери кажа дека на крајот на сезоната ќе го напушти Челси. Многумина очекуваат да биде ова еден од неговите последни големи натпревар, но по се изгледа дека тој воопшто нема да игра.

Иако Кејхил е повреден, медиумите шпекулираат дека Конте би му дал шанса прво на Аке, отколку на капитенот на тимот. Единствена шанса на Тери да заигра денес е евентуалната повреда на Луиз.

Натпреварот започнува од 18:00.