Шо ја збуни јавноста – Ибра одеше по ходници, мислев дека не е сериозна повредата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Јунајтед се во шок по повредата на Ибра.

Ибра во реванш натпреварот против Андерлехт го повреди коленото, а некои медиуми пишуваат дека тој ќе отсуствува дури 8 месеци. Сепак, Лук Шо ја збуни јавноста по изјавата за повредата на Ибра.

„Знаев дека не изгледа добро на тв, но тој има добар дух. Откако заврши натпреварот тој одеше по соблекувалната. Не знаев колку е сериозна повредата, но ми делуваше оптимистично. Се надевам дека не е ништо сериозно.“

По оваа изјава, почнаа многумина да размислуваат дека не станува збор за сериозна повреда како што се мисли. Сепак повеќе информации ќе се знаат откако Јунајтед ќе објави.