Конечно – Клоп најде лев бек!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмс Милнер ја пополнуваше дупката, Морено беше промашување, а дали сега конечно е најдено решението?

Медиумите тврдат дека се е договорено и дека Робертсон ќе се пресели во Ливерпул.

Трансферот би требало да изнесува 10 милиони евра, а одличниот бек на Хал би бил опција за Клоп на левата страна.

Морено го изгуби местото во тимот, а најверојатно ќе биде продаден, што се однесува до Милнер, тој добро се прилагоди на таа позиција, но тоа не е негово природно место во тимот.

Робертсон одигра 28 натпревари оваа сезона за Хал и тој создаде 17 шанси за своите соиграчи, а има 2 асистенции.

Покрај тоа, одличен е во одбраната, па статистиката покажува дека тој не е виновен за ниту еден гол кој го примил Хал.