Касиљас го напушта Порто, познат новиот клуб?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот шпански голман Икер Касиљас може да го напушти Порто на крајот на сезоната, јавуваат португалските медиуми.

Касиљас од наредната сезона може да стане член на еден клуб од МЛС лигата кој е спремен да испрати понуда за овој 35-годишен, а останува да се види дали САД може да биде и последна станица во неговата пребогата кариера.

Дека Касиљас навистина може да замине во Америка потврдува и изјавата која ја даде за ЕСПН.

„Имам многу пријатели кои играат во МЛС и во разговор со нив слушнав се најдобро за таа лига.

Морам да признам д ека МЛС делува интересна и привлечна, а што ќе биде во иднина, ќе видиме“, порача Касиљас.

Наводно, клубот кој е заинтересиран за Касиљас е ФК Далас, а вреди да се истакне дека фантастичниот голман договор со Порто има до јули 2017 година па речиси е извесно дека Драгао ќе го напушти како слободен играч.