Монако плаќа клаузула за Аргентинец!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Кнежевците“ добро работат на трансфер пазарот, овој трансфер може да биде доказ за тоа.

Во нападот процвета младиот Килијан Мбапе, и Фалкао потсети на своите стари денови, па Монако стана и најефикасна екипа во „петте лиги“.

Во ова лето нивниот напаѓачки потенцијал може да порасне, бидејќи на прагот на клубот е напаѓачот на Ривер Плата Лукаш Аларио.

Овој Аргентинец во Ривер стигна во 2015 година од Колон, а досега одигра нешто помалку од 40 натпревари во аргентинската Примера за клуб од близината на Буенос Аирес.

Запиша два настапи за репрезентацијата на Аргентина, додека во дресот на Ривер мрежата на противникот ја тресеше во 19 наврати.

Има 24 години, се чини дека Монако би била добра средина за негов развој, а трансферот според аргентинските медиуми е на чекор од реализација, бидејќи управата на полуфиналистот на Лига 1 е спремна е да ја плати клаузулата од 18 милиони евра.

Управата на Монако веќе работи на неколку засилувања, а се е извесно дека на стадионт „Луј втори“ може да заврши и еден од најталентираните играчи за врска на светот, повеќе за тоа ТУКА.