Бадр Хари повторно во затвор!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најпопуларниот кик-боксер Бадр Хари од понеделник повторно ќе оди во затвор.

Мароканецот беше осуден на затвор од 24 месеци затвор поради различни инциденти, меѓу кои и нападот на бизнисменот Коен Еверинка во 2012-та година во Амстердам.

Со оглед на тоа дека Хари помина 7 месеци во затвор и дека казната му била еден дел условна, на него му остана 7 месеци казна, а во понеделник повторно ќе замине во затвор.

Неговиот адвокат Бенедик Фик потврди дека не правел проблеми и дека ќе замине во затвор.

Хари на слобода би требало да излезе на крајот на годината. Тој сакаше и претходно да оди во затвор, за да успее да се врати за реванш борбата против Верхоевен.

Сепак, тешко може да се верува дека во оваа година борбата ќе биде одржана, па нова пресметка би можела да се гледа дури во 2018-та година.