Грифин повторно е повреден!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крилниот центар на Клиперс, Блејк Грифин би можел да го пропушти остатокот од ¼-финалната серија во плеј-оф на Запад.

Грифин се повреди во текот на натпреварот со Јута и не се врати на теренот до крајот на натпреварот.

Засега сеуште не се знае тежината на повредата, се повеќе информации ќе бидат познати наскоро.

„Блејк ќе оди на детални прегледи, па ќе ја процениме ситуацијата, но засега немаме одговор. Ќе објавиме нешто штом дознаеме.“

Клиперс на крајот победи во гости со 111:106 и поведоа со 2:1 во ¼-финалната серија во плеј-оф.

Грифин помина 18 минути на паркетот и за тоа време постигна 11 поени и 6 скокови.

Четвртиот натпревар помеѓу овие 2 тимови се игра во ноќта помеѓу недела и понеделник.