Барса сака да ги замрси плановите на Мурињо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пишувавме дека Португалецот е заинтересиран за на Олд Трафорд да пресели неколку фудбалери на ПСЖ, Барса сака да им украде еден.

Тимот од Паркот на Принцевите најверојатно од ова лето ќе доживее бројни промени, ќе има доаѓања и заминувања, а Мурињо е решен да ја искористи таа ситуација.

Тој наводно покажа интерес за дури три фудбалери на ПСЖ, десен бек, последен играч за врска и стопер.

Сепак, во трка за брзоногиот Срж Орие, кој ја покрива позицијата покрај десната аут линија во одбраната, Манчестер Јунајтед доби ривал. Имено, Барселона е спремна со нив да се борат за одличниот бек, бидејќи во него гледаат вистински наследник на Дани Алвеш.

Серхи Роберто играше променливо во оваа сезона, Алеиш Видал покажа дека може да има улога во Барса, но тогаш доживеа тешка повреда и прашање е кога ќе заигра по враќањето на терен, и јасно е дека Блауграната ќе мора да побара нов десен бек.

Изборот падна на проблематичниот репрезентативец на БСК, кој често влегува во проблеми поради недисциплина, а наводно претставниците на Барса веќе воспоставиле контакт со управата на Парижаните.

Актуелниот шампион на Шпанија има намера да понуди 20 милиони евра на клубот од Паркот на Принцевите во ова лето, ќе видиме дали тоа ќе биде доволно, поготово кога ќе се зема во предвид дека за Орие многу е заинтересиран и Манчестер Јунајтед.