Не беа доволно ниту три гола на Икарди, Интер поразен се враќа од Фиренца!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер на полувреме водеше со 1:2, за неполни 20 минути примија 4 гола и Фиорентина дојде до водство од 5:2, бламажата на Интер ја спаси Икарди со два гола во финишот на мечот

На крајот натпреварот заврши со 5:4 за Фиорентина.

Фиорентина дојде до водство со голот на Весино 23 минута, Интер се врати во игра со голот Перишиќ, после добриот продор по десната страна на Кадрева. Интер дојде после 5 минути во водство со голот на Икарди после добриот пас на Жоао Марио.

Во второто полувреме тимот на Стефано Пиоли беше тотално потопен.

Прво Бернардески промаши пенал во 52 минута, а во 58 минута беше заменет со Иличиќ. Од тогаш пона вистинскиот пад на Интер.

На 2:2 израмни Астори на асистенција на Валеро, на 3:2 зголеми Весино една минута подоцна, на 4:2 Бабакар по асистенција на Бабакар од очигледна офсајд позиција.

На 5:2 зголеми Бабакар во 79 минута.

Интер во финишот на мечот во 89 минута преку Икарди намали на 5:3.

Во 92 минута Икарди постигна уште еден гол и го намали резултатот на 5:4.

Интер е во длабока криза, пред неколку кола беа во борба за Лигата на шампионите, а сега го губат чекорот со градскиот ривал Милан во борбата за шестото место.

Фиорентина сега е само на еден бод од Интер и тие до  крајот на сезоната ќе се борат за пласман во ЛЕ.