Нов удар за Јунајтед, уште еден играч мора на долга пауза!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долга пауза за двајцата.

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед се огласи денеска по повод повредите на Златан Ибрахимовиќ и Маркос Рохо, наведувајќи дека двајцата играчи доживееја сериозни повреди на коленото.

Јунајтед наведе дека деталните прегледи покажаа дека Ибрахимовиќ и Рохо доживееја значителни оштетувања на лигаментите на коленото, поради што се бара мислење на специјалист.

„Должината на опоравувањето ќе може да се процени после тие консултации“, се додаде во соопштението на Јунајтед.

Англиските медиуми веќе порано денеска пренесоа дека пред Златан е повеќе месечна пауза, а судејќи по се, ни Рохо не помина подобро, но веројатно не се во прашање истите лигаменти на коленото.

Ибрахимовиќ и Рохо се повредија во мечот од Лига на Европа против Андерлехт.