Исиње го продолжи договорот и сака до крајот на кариерата да остане во Наполи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Наполи Лоренцо Исиње го продолжи договорот до лето 2022 година и рече дека се надева дека до крајот на кариерата ќе игра за тој италијански клуб.

„Многу сум среќен бидејќи го живеам својот детски сон. Отсекогаш сонував дека ќе го носам дресот на Наполи и се надевам дека никогаш нема да го тргнам“, рече Исиње за италијанските медиуми.

Исиње потекна во Наполи, во кој ги помина сите млади категории, а за првиот тим дебитираше во 2009 година кога имаше 18 години.

„Пораснав во Неапол, но немаше да верувам дека некој пред неколку години да ми речеше дека ќе станам симбол. Се надевам дека за пет години повторно ќе го продолжам договорот бидејќи сон ми е цел живот да го поминам во овој дрес“, рече Исиње.

На конференцијата за новинарите на која е продолжен договорот со Исиње присустуваа и неговите родители, како и првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис.

Де Лаурентис рече дека му е мило што Исиње стана симбол на Неапол.

„Исиње отсекогаш живееше со љубов и страст кон овој регион и сакаше да стане легенда. Такво чуство немаат сите, а тоа е нешто што сакаме од нашите фудбалери“, рече Де Лаурентис.

Исиње две сезони помина на позајмици, во Фоџа и Пескара, а од 2012 година е стандарден првотимец на Наполи, за кој играше на 208 натпревари, со 45 голови. Тој во меѓувреме стана и репрезентативец на Италија.

За својата земја настапи 14 пати.