Маркез непобедлив на квалификациите во Тексас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот светски шампион во МОТО ГП, Марк Маркез ќе стартува од пол позиција во Тексас.

Првото измерено време го забележа Марк Маркез. Кал Крачло во својот прв брз круг падна, но без поголеми проблеми се врати на патеката. Пред крајот на првиот брз круг помеѓу Роси и Вињалес имаше контакт по кој шпанецот беше бесен на својот тимски колега. Џек Милер на почетокот на својот втор брз круг излета од патеката, а истото го направи и Јаноне. После својот втор брз круг, Маркез го поправи своето време, Вињалес успеа да стигне до втората позиција, а Педроса и Зарко се наоѓаа на третата и четвртата позиција. Валентино Роси после првите два брзи круга беше осми.

Пет минути пред крајот на вториот дел од квалификациите, возачите по втор пат се вратија на патеката со нови гуми. Кал Крачло по втор пат излета од патеката. Вињалес успеа да го поправи своето време, но остана на втората позиција. Жоан Зарко стигна до третата позиција. Борбата за пол позиција се водеше помеѓу Маркез и Вињалес, а на крајот возачот на Репсол Хонда стигна до пол позиција. Валентино Роси во својот последен брз круг успеа да стигне до третата позиција.

1. Марк Маркез – Репсол Хонда
2. Маверик Вињалес – Јамаха
3. Валентино Роси – Јамаха
4. Дани Педроса – Репсол Хонда
5. Жоан Зарко – Монстер Тех 3
6. Хорхе Лоренцо – Дукати
7. Андреа Довициозо – Дукати
8. Јонас Фолгер – Монстер Тех 3
9. Кал Крачло – ЛЦР Хонда
10. Скот Рединг – ОКТО Прамак
11. Андреа Јаноне – Сузуки
12. Џек Милер – Марк ВДС
13. Данило Петручи – ОКТО Прамак
14. Лорис Баз – Авинтија
15. Хектор Барбера – Авинтија
16. Тито Рабат – Марк ВДС
17. Карел Абрахам – Пул и Беар Аспар
18. Бредли Смит – Ред Бул КТМ
19. Алваро Баутиста – Пул и Беар Аспар
20. Сем Ловс – Априлија
21. Пол Еспаргаро – Ред Бул КТМ
22. Алеиш Еспаргаро – Априлија