Вашинтон беше немоќен, Атланта стигна до првата победа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Атланта лесно го победија Вашингтон со 116:98 и така ја намалија предноста на 2:1.

Вашингтон лошо го отвори натпреварот, а по првиот период имаа 18 поени негатива. Цело време се обидуваа да се вратат во натпреварот, но тоа не им успеа.

Милсап го заврши натпреварот со 29 поени, 14 скокови и 5 асистенции додека Шродер имаше 27 поени и 9 асистенции.

Во поразениот тим Вол со 29 поени и 7 асистенции беше најдобар.

Вашингтон сега води со 2:1 во серијата, а наредниот натпревар се игра во Атланта.