„За малку ќе играв заедно со Видиќ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот поранешен фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер призна дека зажали што никогаш во Ливерпул немал шанса да игра со Видиќ.

„Би сакал да играм со Видиќ. Малку недостигаше да се оствари тоа. Бенитез во 2005 година веруваше дека потпишал, но во целата приказна се вклучи Јунајтед и го престигна Ливерпул.“

„Видиќ е еден од најважните причини поради кои Фергусон во 2007 година ја освои титулата.“

Видиќ во Јунајтед остави голема трага. Во нивниот дрес одигра 211 натпревари, а постигна 15 голови и беше 5 пати шампион на Англија и еднаш на Европа додека играше за нив. Освои и три трофеи во Лига купот.