„Се надевам дека Пиоли ќе остане во тимот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Интер беа поразени на гостувањето кај Фиорентина со 5:4.

Фиорентина и Интер одиграа еден од најинтересните натпревари во оваа сезона, а 10 минути пред крајот резултатот беше 5:2. Но Икарди постигна 2 голови за 5:4, па Интер уште еднаш имаше шанса да освои бод.

Сепак, овој тим стигна до нов пораз. По натпреварот започна да се шпекулира дека Пиоли ќе добие отказ. А се огласи и Икарди кој вели дека не сака да замине Пиоли.

„Нема што да се зборува многу, второто полувреме беше неприфатливо. Требаше да го завршиме натпреварот во вториот дел, иако водевме 2:1, а потоа примивме 4 голови. Не можам да објаснам што се случува. Сакам да кажам дека Пиоли треба да остане во тимот и ние имаме доверба во него.“