Портланд повторно поразен, Голден Стејт на чекор од наредното коло!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Голден Стејт го поразија Портланд со 119:113 на гостувањето и дојдоа до преднсот од 3:0.

Портланд добро го отвори натпреварот и по првата ¼-на имаше предност од 7 поени, а до крајот на полувремето тие стигнаа до 13 поени предност, но во вториот дел следуваше големиот пресврт на Голден Стејт.

Кај Голден Стејт најдобар беше Кари со 34 поени, 8 асистенции и 4 скокови. Томпсон постигна 24 поени, а МекЏи постигна 14.

Кај Портланд МекКолум беше најдобар со 32 поени и 6 скокови, а Лилард постигна 31 поен, 7 скокови и 4 асистенции.