Лионел Меси во финишот го расплака Сантијаго Бернабе (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу во натпревар од 33-то коло во Ла Лига, 2:3.

Реал притискаше од почетокот на натпреварот. Кралевите имаа шанси за погодок, но Тер Штеген не дозволи да биде совладан. Барселона преку Суарез ја имаше првата посериозна шанса за погодок кога уругваецот шутираше непрецизно.

Тер Штеген го одбрани ударот на Роналдо. Во 28-ма минута Рамос ја погоди стативата, а топката се одби до Касемиро кој му донесе водство на Реал Мадрид.

Пет минути подоцна Лионел Меси со една минијатура го израмни резултатот, 1:1. Шутот на Модриќ од далечина фантастично го одбрани Тер Штеген, а пред крајот на првото полувреме Суарез и Меси пропуштија шанси за погодок.

Тер Штеген неверојатно го одбрани ударот на Крос. Ударот со глава на Пике го одбрани Навас. Суарез имаше голема шанса за погодок, но фантастичо интервенираше Навас. Во 73-та минута Иван Ракитиќ испрати торпедо кон голот на Реал и му донесе водство на Барселона.

Серхио Рамос доби директен црвен картон по стартот над Меси. Пет минути пред крајот на натпреварот Хамес постигна погодок за израмнување, 2:2. Асенсио имаше шанса за погодок, но Тер Штеген интервенираше.

Пред крајот на натпреварот Лионел Меси го постигна својот втор погодок на натпреварот за конечни 2:3.