Барселона или Реал Мадрид – На кој му е потежок патот до титулата?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со победата на Барселона против Реал во Мадрид трката за титулата во Шпанија до крајот ќе биде интересна.

Барселона моментално е прва, исто бодови има и Реал, но со натпревар помалку.

Реал до крајот игра три пати против андалузиски клубови, Гранада во гости, Севиља дома и Малага гости. Мадриѓани уште го немаат одиграно заостанатиот натпревар против Селта во Виго. Пред тоа гостуваат кај Депортиво и на Бернабе ќе ја пречекаат Валенсија.

Од другата страна каталонците играат против Осасуна дома, потоа гостуваат кај Еспањол во градското дерби, а потоа на Камп Ноу доаѓа Виљареал. Потоа Барселона гостува кај Лас Палмас, а за крај игра дома против Еибар.