Светот се поклонува на Меси, но Германецот е дискретен херој во Ел Класико!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Светот зборува за Лионел Меси после 174 „Ел Класико“, но вистинските навивачи на Барселона никако нема да го остават незабележано придонесот кој Мар Андре тер Штеген го даде во триумфот над Реал Мадрид.

Судбината на голманот е таква, по правило остануваат во долг план без оглед на тоа што со своите интервенции одработуваат огромен дел од работата после што се покажа и во вечерашното Ел Класико.

Да ги  пофалиме во старт двајцата голмани, беа фантастични, иако голови не изостануваа и тоа е помалку парадоксално.

Да се навратиме сепак на партијата на Германецот Марк – Андре Тер Штеген, Германецот кој со Лионел Меси се најзаслужни за резултатот што Барселона го оствари во Мадрид.

Кога ќе го погледнеме резултатот знаеме за што зборуваме. Тер Штеген блескаше на голот и тоа во неколку наврати вадеше топки кои од страна на домашната публика веќе видени во мрежата.

За тие што не го гледаа мечот, но и за љубителите на квалитетната статистика оди следниот податок.

Марк Андре тер Штеген вечерва оствари 12 одбрани и со тоа стана прв голман на Барселона кој уште од сезоната 03/04 на лигашки натпревар успеа да оствари таков учинок.

Да се разбереме, Тер Штеген до ова остварување стигна на Ел Класико, а тоа на целата приказна дава дава огромна тежина, посебно ако се земе во предвид какви се шутеви успеа да запре Германецот.