Делириум – Вака Нејмар ја славеше победата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот поради суспензија не можеше да помогне на соиграчите во Мадрид но можеше да го прослави победоносниот гол на Лионел Меси.

Барселона на своите навивачи приреди уште една вечер за паметење, а меѓу тиа кои ги бодреа избраниците на Луис Енрике крај малите екрани беше Нејмар.

Брзоногиот Бразилец не беше во шанса да помогне на соиграчите во Мадрид поради суспензијата која му е изречена после дуелот со Малага.

Имаше приказни дека Нејмар ќе патува во Мадрид, дека Енрике ќе ризикува да го загуби мечот на “зелана маса“ бидејќи Судот за арбитража не донесе конечна одлука пред почетокот на Ел Класико.

На крајот се откажаа од таква луда идеја, Бразилецот остана во Барселона и во друштво на добри пријатели ја прослави големата победа на Каталонците.

Делириумот кој настана после победоносниот гол на Лионел Меси Бразилецот го сподели на друштвените мрежи што Барселона го искористи тоа да ги повика навивачите да го направат истото.

Сите кои го снимија моментот кога го слават голот на Меси треба да постават свој клип на некоја од друштвените мрежи со хаштад #MessiDidIt.