„Ќе останеме позитивни до крај“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан испрати јасна порака до навивачите на Реал, но и на своите фудбалери после вечерашниот пораз од Барселона.

Тој рече дека поразите се случуваат и дека неговиот тим има намера да остане позитивен до самиот крај, бидејќи тоа ќе биде многу важно.

„Ова можеше да се случи и се случи. Сепак, ова нема да ги промени работите многу за нас. Ние ќе останеме позитивни до самиот крај. Денеска не се одлучуваше Ла Лига. Пораз, реми и победа немаше многу да промени.

Сепак, би било подобро да освоите три бода, секако. Во многу други натпревари имавме многу шанси и не ги заклучувавме натпреварите. Мораме да бидеме многу поубиствени во тој сегмент. Судијата одлучи  да покаже црвен картон на Серхио. Мораме тоа да го почитуваме“, рече Зидан.

Да потсетиме, Реал Мадрид сега има ист број на бодови како Барселона, но имаат и меч помалку.