„Меси е најдобар играч во историјата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Барселона Луис Енрике рече дека Меси е најдобар играч во историјата.

Барселона во фантастично Ел Класико вечерва го совлада во гости Реал Мадрид со 3:2.

Барса со оваа победа остана и понатака во трка за титулата шампион на Шпанија, а јунак на Каталонците по кој знае кој пат беше Лионел Меси.

Аргентинецот во последните секунди со својот втор гол на мечот ги постави конечните 2:3 за гостите.

Енрике беше презадоволен после победата на неговата екипа во Ел Класико.

„Беше ова натпревар на две големи екики кој можеше да оди во два правци. Натпревар кој беше во висок ритам, повремено неконтролиран, но бара многу психички и физички“, рече Енрике.

Тренерот на Барса се пошегува дека Меси прави разлика и кога е дома и кога вечера.

„Тој е најдобар играч во историјата, а јас бев на многу натпревари и погледнав многу снимки од фудбалски натпревари. Постигна 500 гола и големо е задоволство за сите навивачи на Барса што можат да го сметаат Меси за еден од нив“, рече Енрике и додаде:

„Тој ни овозможи да имаме надмоќ на средината на теренот. Сакавме да ја имаме топката во своите нозе што е повеќе можно. Беше потешко на средината на теренот со многу играчи таму, но успеа да се избори за својот прв гол. Се се одигра како што се надевавме“, заклучи Енрике.