Вестбрук не можеше сам, Хјустон на чекор од пласман понатаму!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кошаркарите на Хјустон во неизвесен натпревар успеаа да ја победат Оклахома со 113:109 и да поведат со 3:1 во плеј-оф серијата.

Натпреварот беше израмнет во поголемиот дел од времето.

Најголема предност во средината на 3-от период имаа Оклахома со 15 поени предност, но до крајот Хјустон успеа да направи пресврт.

Во тимот на Оклахома најдобар беше Вестбрук со трипл-дабл, односно 35 поени, 14 скокови и 14 асистенции.

Кај Хјустон најдобар беше Нене со 28 поени и 10 скокови,

5-от натпревар се игра на 26-ти април, а Хјустон ќе има шанса пред своите навивачи да победи.