Клиперс беа повторно немоќни, Јута го израмни резултатот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Јута го победија Клиперс на домашен терен со 105:98 и така израмнија на 2:2 во плеј-оф серијата.

Јута во возбудлив натпревар го реши натпреварот во последната ¼-на кога Џонсон постигна 11 поени по ред.

Кај Јута најдобар беше Џонсон со 28 поени, 5 скокови и 5 асистенции.

Во тимот на Клиперс најдобар беше Пол со 27 поени, 12 асистенции и 9 скокови.