Познато е поради што Меси на необичен начин го прослави голот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси со гол во последните секунди го одлучи синоќешното дерби против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе.

Барселона славеше во Мадрид со 3:2 и со овие три бода остана во трка за одбрана на титулата шампион на Шпанија.

Јунак на Каталонците повторно беше Меси кој го постигна својот втор гол на мечот во последните секунди од натпреварот, а после тоа се прослави на необичен начин.

Имено, Аргентинецот го соблече дресот, и го покажуваше на навивачите на кралскиот клуб.

Иако после тоа постоеја многу теории зошто го прославата беше баш таква, на крајот стигна објаснување.

Каталонски Спорт објави дека прославата на голот не беше планирана, веќе дека тоа Меси го направи спонтано со цел да ги исфрли своите фрустации од константното дофрлување од трибините од навивачите на домашната екипа.


messi dres by goloviliga