“Признавам дека сум виновен што загубивме против Барселона“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид се поразени синоќа на Сантијаго Бернабе во големото дерби против Барселона (3:2) во меч од 33 коло од Ла Лига.

Реал Мадрид и понатака е прв на табелата на Ла Лига, но со овој пораз Барселона повторно ги врати шансите за одбрана на титулата шампион на Шпанија.

Одлучувачкиот момент во овој натпревар се случи во последните секунди од натпреварот кога Лионел Меси со својот втор гол на мечот донесе победа на Барса.

После овој гол Кристијано Роналдо беше бесен на своите соиграчи што не направија прекршок во почетокот на оваа акција.

Марсело после натреварот изјави дека тој е главен виновник за  поразот против Барса.

„Признавам дека сум виновен што загубивме од Барселона бидејќи не го фаулирав Роберто кога имав шанса, а после тоа тие постигнаа гол. Тоа е  грешка од која сигурно ќе ја научам својата лекција“, рече левиот бек на кралскиот клуб.