Челси заинтересиран за играч на Интер – Понуда од која ќе ве заболи глава!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Челси во лето сака да го донесе во свои редови, Иван Перишиќ.

Според медиумите, тимот од Лондон за играчот на Интер сака да понуди 65 милиони евра.

Наводно, Конте е сериозно заинтересиран за негов ангажман во тимот и одлучи во борба за овој фудбалер да го победи Јунајтед.

Интер е принуден поради финансиски фер-плеј да направи голем трансфер ова лето. Понудата на Челси им дојде во вистински момент и скоро сигурно е дека Перишиќ би можеле да го видиме во Челси.

Иван Перишиќ е член на Интер од 2015-та година. Стигна од Волфсбург за 19 милиони евра, а претходно играше за Борусија и Клуб Бриж.

Оваа сезона одигра 37 натпревари за Интер и постигна 10 голови и 9 асистенции.