Кралот на сите менаџери – Раиола добива многу пари поради Донарума


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Контроверзниот менаџер, Мино Раиола направи голем број на трансфери.

Меѓу нив е најголемиот трансфер, поточно преминот на Погба од Јувентус во Јунајтед за 105 милиони евра.

Многу пари тој заработи од тој трансфери. Дури 25 милиони евра, а голем процент може да заработи од Донарума.

Милан на 18-годишниот голман ќе му понуди нов договор, а во договорот ќе се најде и името на Раиола.

Тој ќе има добар процент од секоја наредна продажба или нов договор на Донарума, па неговото богатство би можело да биде зголемено за 10-на милиони.

Преговорите за договорот се закажани за крајот на сезоната.

Раиола покрај Донарума и Погба е менаџер и на Ибра, Балотели, Лукаку и многу други.