Монако – Еден веќе се договори со Челси, уште двајца имаат довола да заминат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Монако ќе ја наплатат одличната сезона, но точно се знае кој има дозвола да замине.

Монако ќе биде во центар на внимание ова лето, многумина очекуваат да го распродадат тимот по одличните игри на младите играчи.

Меѓутоа од тоа нема ништо.

„Нашиот бизнис модел работи, нема потреба да ги продаваме најдобрите и најскапите. Тие веќе се знаат, Мбапе, Лемар и Силва сакаат да останат.“

Останува и Жардим уште една сезона, иако има понуда од Интер.

„Мислам дека нема потреба да замине, најдоброто доаѓа за нашиот тим, ние сме сигурни во тоа кој сака да учествува, парите не се проблем.“

Најверојатно од тимот заминуваат Фабињо и Менди, а за овие 2 фудбалери се заинтересирани многу тимови.

Исто така, може да замине Бакајоко, а за него се зборува дека се договорил со Челси, сега се чека само потврда од тимот од Лондон. Преговори биле тешки, но изгледа дека Конте е цврсто решен да го донесе во Лонон.

Фалкао би можел да замине, само ако стигне непристојна понуда од Кина или некој друг клуб, но тој се врати во форма и многу е важен за тимот.

Во тимот на Монако како засилувања може да стигнат Аларио и Тилеманс.