„Златна копачка“ – Може ли некој да го стигне Меси по чудото во Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси го маѓепса светот во „Ел Класико“, а најверојатно ја заврши трката за „Златната копачка“.

Најдобриот фудбалер на Барселона, Меси повторно ја покажа класата и со 2 голови му донесе победа на тимот на Барселона против Реал Мадрид.

Тој стигна до бројка од 31 гол и го искористи постот на Дост, кој нема дадено гол и остана на 29 голови.

Интересно е тоа што Кавани има постигнато 31 гол, но поради коефициентот на Лига 1, од 1.5 тој е дури на 9-то место.

Единствен играч кој му се заканува на Меси е Обамејанг додека Левандовски повторно остана без постигнат гол на последниот натпревар.

Во топ 10 се вратија Икарди и Кавани, Белоти и Лукаку не постигнаа голови.