„Меси, брате мој, се сеќаваш ли кој ти асистираше за првиот гол?“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меси беше одличен во „Ел Класико“ и тој и донесе победа на Барселона со 2 постигнати голови.

Аргентинецот стигна до бројката од 500 голови за Барселона.

Својот прв гол, Меси го постигна кога негов соиграч беше Роналдињо. Токму тој беше асистент на првиот негов гол.

Роналдињо се сети на тој момент и му честиташе на Меси.

„Лео, брате мој, ти ја испраќам оваа порака за да ти честитам на 500-те постигнати голови. Ти асистирав за првиот, па многу сум среќен. Ти посакувам се најдобро.“

Меси првиот гол за Барселона го постигна во мај 2005.