Реал побрзо отколку што се очекуваше го доби првото летно засилување!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што беше најавено, младиот фудбалер ќе добие конечно шанса во Реал Мадрид.

Хесус Ваљехо е прво засилување на Реал Мадрид за наредната сезона, потврди мадридски Ас.

Имено, младиот стопер кој во летото премина во Ајнтрахт Франкфурт на позајмица, се врати во Мадрид поради повреда и нема да се врати во Германија, поради тоа што оваа сезона за него е завршена.

Уште порано се најавуваше дека Ваљехо со своите партии во Бундеслигата, како Дани Карвахал пред три години, заслужи да добие шанса во првиот тим на Мадриѓаните.

Тој во Мадрид стигна како 18-годишен од матичната Сарагоса, каде што е и роден во 1997 година, но не доби шанса во тимот на Зинедин Зидан.

Ваљехо игра на позиција стопер и треба да биде долгорочно решение за Пепе, кој на лето ќе го напушти клубот после 10 години.

Зинедин Зидан веќе доби важно засилување, ќе видиме како Ваљехо ќе се покаже во претсезоната.